ВЛЕН: Османи во ОБСЕ ја зацврсти позицијата на Србија и го ослабна Косово

August 12, 2025
1 min read

Партијата ВЛЕН остро реагира на обидите на Али Ахмети и ДУИ да го прикажат мандатот на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ како „дипломатски успех“. Според ВЛЕН, реалноста е спротивна – за време на неговото претседавање, Османи често заземал позиции усогласени со интересите на Белград, а штетни за Косово.

Од ВЛЕН наведуваат дека Османи под изговор на „деескалација“ предложил решенија кои го поткопале суверенитетот на Косово, вклучувајќи барање за оставка на легитимно избрани градоначалници, условување за повлекување на косовските безбедносни сили од сопствена територија и фаворизирање на минимални мерки кон Србија.

Исто така, во повеќе ситуации ОБСЕ под негово водство испраќала „премногу благи пораки“ или молчела, што Белград го толкувал како охрабрување за продолжување со провокациите во северно Косово.

„Ова не е жртва, ниту успех, туку пример на дипломатска потчинетост каде што личниот и партиски интерес на ДУИ беше пред интересите на Косово, Албанците и регионалната стабилност,“ велат од ВЛЕН.

Партијата најавува дека ќе продолжи да се залага за надворешна политика заснована врз јасни принципи – секогаш на страната на правдата, слободата и Косово.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожарите во Теарце и Кичево под контрола, екипите остануваат на терен

Следно

Онана се врати на целосен тренинг

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop