Владата пред одлука државата сама да го реализира проектот Чебрен и Галиште

June 9, 2026
1 min read

Владата е пред одлука државава самостојно да го реализира хидроенергетскиот проект Чебрен и Галиште, за којшто инвестицијата би изнесувала до 1,5 милијарда евра заедно со каматите.

– Сериозно размислуваме и сме пред носење стратешка одлука државата самостојно да го реализира, без приватен партнер. Конечната одлука ќе зависи и од состаноците што се одржуваат во рамките на ЕСМ, рече премиерот Христијан Мицкоски, на брифинг со медиуми.

Пресметките, појасни, покажуваат дека внатрешната стапка на поврат на инвестицијата е над 10 проценти, што го прави проектот значаен од економски аспект.

– Но, не е само од економски аспект, цениме дека имајќи го предвид глобалното затоплување, во регионот ќе недостасуваат два резервоари за пивка вода што можат да се направат. Исклучително стратешки важно ни е Тиквешко поле да се наводнува од овој проект. Тоа се отприлика 60-ина илјади хектари земја – посочи Мицкоски.

Овој предел, дополни, може да послужи и за развој на дата центри.

– Многу блиску сме до носење на одлуката како држава сами да го развиваме, а тоа значи изработка на физибилити студија која ја имаме и по принципот на Јелоу фидик да избереме фирма која ќе го гради, информира премиерот Мицкоски.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еве зошто Барселона никогаш не ја повлече “десетката“ на Меси!

Следно

Мурињо пристигна во Мадрид, промоција во четврток!

Latest from Blog

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на д-р Хартмут Лајпнер, претседател на АГСМ и потпреседател на ФУЕН

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во рамките на 29-тиот Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, организиран од Федерална унија на европски националности (ФУЕН) во соработка со друштвото,

„Колку му било ветено на Богац, ЈО да истражи дали наместениот тендер во царина е единствен“, бара ВМРО

„Стефан Богоев- Богац, поранешен директор на Царинска управа од СДС, наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра. Од свиркачи дознаваме дека Богац
Go toTop