ВИДЕО: Сред емисија, Агуеро се фати за срце – го стресе и соговорникот кој беше до него

1 min read

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кун Агуеро, мораше предвреме да ја заврши професионалната кариера, откако во 2021 година му беше дијагностициран проблем со срцето.

Лекарите му советуваа да не се врати на терен, а тогаш Аргентинецот ги послуша и веднаш потоа најави дека се повлекува поради тие проблеми.

Но Агуеро ќе мора да биде внимателен и во деновите кога не игра фудбал, односно во нормалниот живот, а најдобар доказ за тоа е гостувањето во една емисија кај познат стример од Шпанија по име Ибахо Љанос, каде одеднаш Агуеро се фати за срце откако почувствува аритмија.

„Што се случува Серхио“, уплашено го праша Ибахо, а овој по неколку секунди се огласи дека почувствувал аритмија на срцфето.

Стримерот му порача дека ако е потребно, да повикаат доктор…. „Не не, имам чип кој откривам проблеми и праќа сигнал“.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Жичарницата од утре со ново работно време

Следно

Италијанска кујна не трпи месо од лабораторија

Latest from Blog