[Видео] Потскокнете со песната на Миа и Влатко Стефановски низ скопските улици

October 31, 2024
1 min read

Хрватската ѕвезда Миа Димшиќ го објави спотот за темата „Општествени правила“ („Društvena pravila“,), создадена во соработка со легендарниот гитарски виртуоз Влатко Стефановски.

Видеото е снимено низ шармантните скопски улици, истото зрачи со урбана естетика која во комбинација со стиховите на Миа создава атмосфера на личен отпор и размислување за општествените норми. Режијата ја потпишува Ива Чаиса од „Croatia Records“, зад камерата се најде нашиот Александар Ристовски, додека Дамир Бачиќ е извршен продуцент на спотот.

За престојот во Скопје, Миа вели: „Снимањето на спотот во Скопје беше прилика добро да го запознам градот, но пред се одлично се забавував. Со Ива Чаиса како режисер и Александар Ристовски пред камера, го изодев градот долж и попреку, а го посетив и студиото на Влатко Стефановски, кој се појавува на крајот од видеото. Македонците се прекрасни луѓе и се надевам дека во иднина ќе има повеќе можности за посета на Македонија. Горда сум на песната Општествени правила и се надевам дека овој спот ќе и даде дополнителна димензија“.

Преку текстот и изведбата, Миа храбро ги истражува површните непишани правила и предизвикот на конфронтирачките конвенции. Новиот сингл ја открива нејзината бунтовничка страна, фокусирајќи се на притисоците и цензурата со кои многумина се соочуваат. Песната „Општествени правила“, според која е насловен нејзиниот најнов албум во издание на Croatia Records, критички ги осветлува нормите кои самата Миа ги доведува во прашање, а овој искрен пристап ја истакнува како глас кој не сака да остане неслушнат.

„Општествените правила“ носат звук од дури три студија – White Stone Productions во Риека, Croatia Records во Загреб и студиото на Влатко Стефановски во Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДО 5 НОЕМВРИ Е ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВИ ЗА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА КУЛТУРА ЗА 2025

Следно

Халкбанк го одбележа Меѓународниот ден на штедењето со низа активности за поттикнување позитивни финансиски навики кај децата

Latest from Blog

Е.Пелистер во ЛШ започнува со Загреб во Битола

Според извлекувањето и по редните броеви преку бергеровиот систем е направен и официјалниот распоед. Е. Пелистер на стартот ќе тргне со меч против Загреб на домашен терен, а во второто коло ќе

Велика Британија и Франција постигнаа договор за мигрантите на принципот „еден внатре, еден надвор“

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон денес претставија „револуционерен“ нов договор за миграција, чија цел е намалување на бројот на луѓе што го преминуваат Ламанш со

Македонското МНР го повика бугарскиот амбасадор на разговор поради изјавите на Георг Георгиев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) денеска го повика на разговор бугарскиот амбасадор во земјава, Жељаско Радуков за да му врачи официјален протест како реакција на изјавите на шефот на

Зеленски: Германија е подготвена да финансира два американски системи „Патриот“ за Украина, а Норвешка еден

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека Германија е подготвена да плати за два системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, а Норвешка ќе ги покрие трошоците за уште
Go toTop