ВИДЕО: Чурлинов се врати со стил – ѝ даде ефектен гол на Малта

1 min read

Фудбалерите на Македонија експресно дојдоа до двојна предност, откако сè стана полесно по скршениот отпор на Малтежаните во Скопје. По Ељиф Елмас, публиката на националната арена „Тодор Проески“ ја израдува и Дарко Чурлинов.

Крилниот напаѓач доби топка на десната страна и откосо биеше неодбранливо за голманот на Малта, во поблискиот агол со полувисок шут.

Видеото погледнете го ТУКА

Овој погодок може многу да му значи на Чурлинов кој имаше повреда и долго време беше надвор од ритам и не настапуваше многу за Барнли.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Тик-ток на „стаклени нозе“ по повеќечасовното сослушување на извршниот директор во Претставничкиот дом на САД  

Следно

Милевски: Сѐ повеќе наликуваме на тим каков што посакувам

Latest from Blog