ВЕЛИМИР ЖЕРНОВСКИ СО ИНСТАЛАЦИЈАТА „ПИЕТА ВО ПРЕКРИВКИТЕ НА УРГЕНТНОСТА“ Е НАЦИОНАЛЕН ПРЕТСТАВНИК НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ НА УМЕТНОСТА ВО 2026

July 31, 2025
1 min read

Уметникот Велимир Жерновски со проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ ќе ја претставува Македонија на 61. издание на Венециското биенале на уметноста 2026, соопшти Министерството за култура и туризам.

Носител на проектот е Музејот на современата уметност (МСУ) Скопје, а за претставникот одлучила комисијата во состав: Соња Абаџиева, Ивана Урошевиќ и проф. Симон Шемов.

Комисијата ги разгледала сите четири пристигнати проекти на Конкурсот и оценила дека овој оригинален и компактен проект кој е надвор од стереотипите и стандардите на визуелната практика соодветствува со тематската матрица на престојното Венециското биенале.

„Инсталацијата ‘Пиета во прекривките на ургентноста’, на крајно едноставен начин е фокусирана на ‘Пиета’ (1498/9) – врвното ренесансно дело на Микеланџело Буонароти од црквата ‘Св. Петар’ во Ватикан. Реплицираниот монумент на третата од Микеланџеловите пиети, конструиран од современи материјали, авторот го прекрива со заштитни „златни“ фолии користени од страна на современите бегалци, бездомници, страдалници и луѓе заобиколени од човечката емпатија. Оваа златна наметка практично ја игнорира смртта и воопшто феноменот на геноцидот бидејќи ја преформулира скулптурата во ново руво и ја уништува примарната форма во нови загадочни фигуративни решенија. Тие ја анулираат високата естетска сензибилност на ‘Пиета’ и од симбол на хедонизмот ја претвораат во трансфигурација во тесна релација со денешното (само)уништување на човештвото“, велат од Министерството.

Венециското биенале на уметноста ќе се одвива од 9 мај до 22 ноември 2026.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од топлотен бран до бури: Силно невреме во Солун и на Халкидик

Следно

Фатон Селами за Народен правобранител – неговиот избор бара мнозинство гласови од пратениците

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.
Go toTop