Вечерва во 360°: Педесетина чаури пронајдени покрај телата на двајцата убиени во „Шиша бар“

1 min read

Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, се емитува вечерва (10 март 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат

Вечерва наш гостин е Гаврил Бубевски, шеф на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје – најголемото во земјава и според бројот на обвинители и според обемот на работа. Бубевски стана познат во јавноста како обвинител во Специјалното јавно обвинителство, каде ги водеше и застапуваше предметите „Труст“, „Насилство во Центар“, „Титаник 2“, „Моќник“, „Монструм“. Од јануари лани е избран за шеф на ОЈО Скопје кое, пак, во последниот период е во фокусот на јавниот интерес поради серија актуелни случаи што ги истражува или застапува на суд. Еден од нив е двојното убиство во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија – тема со која го почнуваме интервјуто со Бубевски. Разговараме и за случаите со сопственикот на „Доказ“, Марјан Стаменковски – дали ОЈО Скопје ќе стигне до нарачателите и поттикнувачите на објавите. Зошто сè уште не е завршена истрагата за случајот со купопродажбата на земјиште за потребите на ЕВН Електрани во Делчевско, исто така, е тема. Со шефот на ОЈО Скопје разговараме и за ниското ниво на доверба во правосудството и за идеите за ветинг.

Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Хакери бараат 4,5 милиони долари за да не објават податоци за пациенти од клиника во Барселона

Следно

Поранешен српски политичар силувал девојка? Наводно ја спасил доставувач на храна

Latest from Blog