Вчера во Појасот Газа животот го загубија 678 Палестинци

October 19, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во вчерашните напади на блокираниот Појас Газа животот го загубија 678 Палестинци, јавува Анадолу.

Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа објави дека Израел масакрирал 433 семејства во Газа во нападите што ги спроведува од 7 октомври, во кои загинаа 2.431 лице од тие семејства.

Во соопштението се наведува дека Израел во последното деноноќие убил 678 лица, од кои 471 во нападот на баптистичката болница „Ал-Ахли“ во Газа.

Досега во Појасот Газа животот го загубија 3.478 Палестинци, а ранети се 12.065.

Во продолжение се вели дека во израелските напади во потполност се уништени 4.821 зграда, објекти кои се живеалиште на 12.845 домаќинства.

Во израелските напади оштетени се околу 121.000 станови, а се вели дека во 9.055 од нив не е можно да се живее.

Министерството за здравство во Газа исто така објави и дека 1.300 луѓе заробени под урнатите објекти се водат за исчезнати, од кои 600 се деца.

Палестинското Министерство во продолжение наведува дека 70 % од загинатите во израелските напади се жени, деца и старци.

Според информациите што ги објави Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа, повеќе од 1 милион луѓе се раселени од Појасот Газа од почетокот на израелските напади. Според овие податоци, 600.000 се од северните региони и од градот Газа.

Во продолжение се наведува дека Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) не можела да ги задоволи основните потреби на раселените лица кои се борат со катастрофалните услови за живот, откако организацијата се повлекла од северот на Појасот Газа и ги прекинала своите услуги.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Османи за безбедносната состојба во земјава: Засега нема конкретни закани, но надлежните ги следат состојбите

Следно

Три лица повредени во собраќајката кај бул. „АСНОМ“ во Скопје

Latest from Blog

Е.Пелистер во ЛШ започнува со Загреб во Битола

Според извлекувањето и по редните броеви преку бергеровиот систем е направен и официјалниот распоед. Е. Пелистер на стартот ќе тргне со меч против Загреб на домашен терен, а во второто коло ќе

Велика Британија и Франција постигнаа договор за мигрантите на принципот „еден внатре, еден надвор“

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон денес претставија „револуционерен“ нов договор за миграција, чија цел е намалување на бројот на луѓе што го преминуваат Ламанш со

Македонското МНР го повика бугарскиот амбасадор на разговор поради изјавите на Георг Георгиев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) денеска го повика на разговор бугарскиот амбасадор во земјава, Жељаско Радуков за да му врачи официјален протест како реакција на изјавите на шефот на

Зеленски: Германија е подготвена да финансира два американски системи „Патриот“ за Украина, а Норвешка еден

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека Германија е подготвена да плати за два системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, а Норвешка ќе ги покрие трошоците за уште
Go toTop