Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација

October 30, 2024
1 min read

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не се поведува постапка, односно да не се оценува уставноста на членот 1 и член 2 став 1 зборовите „како и за изградба на градби од стратешки интерес“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација.

–  Не се поведува постапка за член 10 став 4 во делот „со исклучок на тоа дека на Стратешкиот партнер ќе му биде дозволено да започне со истражување и експлоатација на минерални суровини за целите на Проектот штом барањето за доделување на концесија за истражување и експлоатација е поднесено од страна на Инвеститорот” од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, информираат од Уставниот суд.

Предметот У.бр.138/2023 за Законот за урбанистичко планирање е повлечен од денешната седница поради, како што велат од Судот, доработка на рефератот и испитување на дополнителни околности. Предметот ќе биде ставен на дневен ред на некоја од наредните седници

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Влатко Стојкоски е нов директор на ДПИ

Следно

Битолскиот театар ја освои публиката на фестивалот ,,Борини театарски денови“ во Врање

Latest from Blog

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop