Успех на средношколците од Скопје на 31. Меѓународна филозофска олимпијада 17.5.2023

1 min read

Теодора Тиквешанска, ученичка во СУГС „Орце Николов“ доби почесно признание за своето постигнување на Меѓународната филозофска олимпијада (International Philosophy Olympiad, IPO) што се одржуваше во Олимпија, Грција, во периодот од 11 до 14 мај 2023 година.

На овој престижен натпревар учествуваа 103 ученици од 49 земји во светот. Не претставуваа победниците на македонскиот натпревар што го организира Филозофското друштво на Македонија – учениците Теодора Тиквешанска и Димитар Џамбазов, и двајцата од СУГС „Орце Николов“. Нашата делегација во Олимпија ја сочинуваа и професорите и ментори на учениците, Јулијана Јолевска и Владимир Ѓуровиќ.

Средношколците Тиквешанска и Џамбазов постигнаа забележителен успех на 31-то издание на Меѓународната филозофска олимпијада што претставува гордост за Градот Скопје и понатамошен поттик за уште поголеми успеси.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

Претходно

Интер гази сè пред себе откако Алегри им кажа дека се ср*ње!

Следно

Русија ги замрзна сметките на финската амбасада и конзулат

Latest from Blog