Уапсена градежна инспекторка- барала поткуп

November 1, 2024
1 min read

СВР Куманово во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при МВР денеска (01.11.2024) во 13.30 часот постапи по наредба од ОЈО Куманово за расчистување на кривично дело „примање поткуп“ од член 357, при што во Куманово е лишена од слобода Л.Т., овластен градежен инспектор при општина Куманово, која била затекната како прима поткуп од 4.000 евра.

Имено, на 25.09.2024 граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1500 евра, за да на 31.10.2024 ја покачи сумата за поткуп на 4000 евра.

По добиената пријава, известено е ОЈО Куманово и преземени се соодветни мерки.

На оштетениот му се дадени технички обработени пари кои тој денеска во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т.. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОКП при МВР и ОЕК при СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот, Л.Т. ќе биде изведена пред надлежен јавен обвинител при ОЈО Куманово.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Градежна инспекторка уапсена поради примање поткуп

Следно

СЗО: Вакцинацијата против детска парализа во северна Газа продолжува утре

Latest from Blog

Е.Пелистер во ЛШ започнува со Загреб во Битола

Според извлекувањето и по редните броеви преку бергеровиот систем е направен и официјалниот распоед. Е. Пелистер на стартот ќе тргне со меч против Загреб на домашен терен, а во второто коло ќе

Велика Британија и Франција постигнаа договор за мигрантите на принципот „еден внатре, еден надвор“

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон денес претставија „револуционерен“ нов договор за миграција, чија цел е намалување на бројот на луѓе што го преминуваат Ламанш со

Македонското МНР го повика бугарскиот амбасадор на разговор поради изјавите на Георг Георгиев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) денеска го повика на разговор бугарскиот амбасадор во земјава, Жељаско Радуков за да му врачи официјален протест како реакција на изјавите на шефот на

Зеленски: Германија е подготвена да финансира два американски системи „Патриот“ за Украина, а Норвешка еден

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека Германија е подготвена да плати за два системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, а Норвешка ќе ги покрие трошоците за уште
Go toTop