Турскиот претседател Ердоган најави забрзана урбана трансформација

1 min read

КАХРАМАНМАРАШ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, вети обнова на јужниот регион на земјата по силните земјотреси што се случија на почетокот на овој месец, јавува Анадолу.

„Со завршувањето на активностите за отстранување на урнатините, започнуваме со обнова и повторно будење на нашиот регион“, рече Ердоган на брифингот со новинарите во турската област Кахраманмараш, каде што беа епицентрите на двата разорни земјотреси.

„За неколку месеци започнуваме со изградба на 309.000 куќи, вклучувајќи и куќи во селата низ подрачјето погодено со земјотресот“, додаде тој.

На 6 февруари, земјотреси со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени по Рихтеровата скала погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа. Од земјотресите погодени се над 13 милиони луѓе во Туркије, и многу луѓе во северозападна Сирија.

Ердоган повтори дека научниците ја дефинираат катастрофата како „исклучителен природен настан“.

„Паралалено со обновата на областите, окрузите и селата во регионот погоден од земјотресот, брзо ќе ги трансформираме и другите делови од нашата земја кои се соочуваат со истата закана“, нагласи турскиот претседател.

Тој ја предупреди јавноста дека последователните потреси и понатаму траат и повика да се избегнуваат оштетените објекти: „Очекуваме нашите граѓани да бидат повнимателни во овој поглед.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Владата ја укина субвенционираната струја за производителите зашто не ги намалија цените, ја замрзна и цената на лебот

Следно

Столтенберг: НАТО сè повеќе загрижен дека Кина би можела да ѝ испорача оружје на Русија

Latest from Blog