Туркије: Шестмина загинати во сообраќајна несреќа во Истанбул

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку шест лица загинаа денес во сообраќајна несреќа во истанбулската област Силиври, јавува Анадолу.

Според информациите до кои дојде новинарот на Анадолу, камионот кипер преминал на спротивната лента и удрил во два автомобила откако возачот изгубил контрола.

Во несреќата загинаа најмалку шест лица, додека три лица се повредени.

На терен се пратени противпожарни, здравствени и полициски екипи.

По укажаната прва помош на местото на несреќата повредените се пренесени во болница.

Поради несреќата сообраќајот на автопатот се одвива по една коловозна лента.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Лајка ќе заловува бездомни кучиња во Центар

Следно

Напад во Доњецк: Во воените напади едно лице загина, а 25 се ранети

Latest from Blog