Туркије: Просечното очекувано траење на животот при раѓање е 78,3 години

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Просечната очекувана должина на животот при раѓање за турските граѓани изнесуваше 78,3 години во периодот 2018-2020 година, што е намалување од периодот 2017-2019 година кога таа изнесуваше 78,6 години, јавува Анадолу.

Според Турскиот статистички институт (ТуркСтат), жените живеат подолго од мажите во просек за 5,5 години.

Институтот соопшти дека очекуваното траење на животниот век бил 75,6 години за мажите и 81,1 година за жените.

„Просечниот преостанат животен век на лицата на возраст од 15 години, почетната возраст за работоспособност, изнесува 64,3 години“, се вели од ТуркСтат.

Официјалните податоци покажаа дека просечната очекувана должина на животот за лицата на 30-годишна возраст е 49,7 години, а на 50-годишна возраст е 30,5 години.

„Просечниот преостанат животен век на една личност на возраст од 65 години е пресметан на 17,8 години“, додаваат од институтот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Реконструирана улицата Рузвелтова 26.4.2023

Следно

Путин утре ќе присуствува на инаугурацијата на првата нуклеарна централа во Туркије преку видеолинк

Latest from Blog