Туркије: Продолжува лекувањето на 1.392 повредени лица донесени во Истанбул од подрачјето на земјотресот

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во болниците во Истанбул од подрачјето на земјотресот донесени се 9.186 лица, а лекувањето продолжува за 1.392, јавува Анадолу.

Од болниците се отпуштени 7.794 лица.

Граѓаните кои се повредени под урнатините на земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, чиј епицентар беше во областите Пазарџик и Елбистан, Кахраманмараш, донесени се во Истанбул со авиони на Турските вооружени сили и со авиони за брза помош на Министерството за здравство.

Повредените со возила на Брза помош од аеродромите се пренесени во државните, приватните и универзитетските болници во градот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Пролетно време и денеска во Македонија

Следно

Франција забранува Инстаграм, ТикТок и Снепчет за деца под 15 година

Latest from Blog