Црно-белите фотографии на Емилија Трајковска на изложба во Битола

December 11, 2024
1 min read

Во рамките на проектот Урбана Агенда на МКЦ-Битола ја организира изложбата на уметничка фотографија на Емилија Трајковска. 

Изложбата ќе биде поставена во сабота 14 декември 2024 година во МКЦ-Битола ул. Цар Самоил 29 Битола со почеток во 19.00 часот.

„Позната по своите црно-бели фотографии, Емилија Трајковска е фотограф кој не само што го овековечува моментот, туку и го трансформира во една визуелна нарација. Специјализирана во црно-белата фотографија, нејзиниот објектив најчесто ги „заробува“ емоциите на музичката сцена. Нејзина специјалност се фотографиите од бендови, уловени во живо, каде што енергијата на изведбата се пренесува низ играта на светлината и сенките. Таа е раскажувач кој преку своите дела ја документира трансформацијата на музичката сцена. Низ нејзините дела, сцената станува канвас, светлината – боја, а музичарите – субјекти на едно подлабоко, емотивно истражување.

Црно-белото е јазик на минимализам што овозможува максимална експресивност. Нејзината црно-бела фотографија е повеќе од отсуство на боја, тоа е алатка која и помага да се фокусира на суштината – емоцијата и структурата. Преку експресијата на лицата и интимните моменти меѓу музичарите и публиката, создава динамични композиции каде што секоја сенка и светлосен зрак без зборови раскажуваат за еуфоријата на концертот, екстатичните извици на публиката и за страста и ранливоста на музичарите“, напиша за фотографиите на Трајковска Илија Талев.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОД ТРИ КИЛОМЕТРИ БИ ПОЗНАЛА ДЕКА ОВА Е ДЕЛО НА ЧЕМЕРСКИ, КАЖА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА АГЕЛЕР ЗА РЕСТАВРИРАНИОТ СПОМЕНИК НА СЛОБОДАТА ВО КОЧАНИ

Следно

ЈО за случајот со Артан Груби: И давателот и прималот на поткуп ќе одговараат

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop