Во Полошкиот регион се гради со засилено темпо. Според податоците на Државниот завод за статистика, само во мај побарани се 146 градежни дозволи. Во Општина Тетово, во текот на 2025 година има вкупно 132 предмети, од кои 49 се градежни дозволи, а 36 се инфраструктурни проекти иницирани од самата општина.
„Од ноември 2021 година, до денес – 2025 година – се работено на 625 предмети со различна содржина: градежни дозволи, доградби, надградби, реконструкции, адаптации на оградни ѕидови, фотоволтаични панели, инфраструктурни проекти. Во 2024 година имавме вкупно 89 градежни дозволи, од кои три беа инфраструктурни проекти на општина Тетово. Во 2025 година имаме 49 градежни дозволи, од кои 36 се инфраструктурни проекти на општина Тетово“, изјави Бесарта Рамадани, портпаролка на општина Тетово.
Во Општина Боговиње, најголем дел од градбите се за индивидуални куќи. Градоначалникот на општината, Бесник Емшиу, вели дека за да се гради во оваа општина потребна е градежна дозвола и дека таа пракса ја почитуваат сите жители. Исклучок се иселениците, на кои им се овозможува процедурите да ги завршат додека се во родниот крај.
„Во 2025 година имаме 43 градежни дозволи за куќи и 21 дозвола за општински проекти. Се работи за проекти како изградба на спортска сала во Боговиње, и секој проект што се гради треба да има дозвола – како за изградба на улици, училишта, градинки, тоалети. Повеќето ја почитуваат процедурата, но бидејќи имаме иселеници, има случаи кога тие почнуваат со работа, а дозволата ја вадат паралелно. Ние не ги спречуваме, бидејќи се иселеници и кога ќе дојдат дома, тие ја завршуваат работата и документите“, изјави Бесник Емшиу, градоначалник на општина Боговиње.
Големата побарувачка за станбен простор во поголемите градови доведува до зголемување на бројот на градби, а тоа влијае и на растот на цените на становите во Тетово. Моментално, цената по метар квадратен во Тетово се движи од 1.200 до 1.700 евра.
ИЗВОР: ТВ 21