Тројца загинати во невреме во јужниот дел на САД

1 min read

Три лица загинаа во невреме со силен ветер кое го зафати јужниот дел на Америка, предизвикувајќи поплави, оштетувајќи домови и згради, корнејќи дрвја и оставајќи илјадници луѓе без електрична енергија.

Седумдесетгодишен старец во Алабама загина кога дрво падна врз неговиот камион, жена во Мисисипи загина во нејзиниот џип врз кој паднала гранка, а маж се удави во поплави во Арканзас. Кентаки беше зафатено со торнадо.

Невремето сега се движи кон другите сојузни држави на САД, а се стравува дека североисточниот дел на земјата и државите од средниот запад ќе бидат зафатени со обилни снежни врнежи.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе

Следно

(Видео) Герасимовски излезе на терен со инспекцијата: Затворено градилиште позади Универзална сала

Latest from Blog