Трипуновски: „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ ќе стане синоним на успешна соработка помеѓу земјоделците и Министерството

November 2, 2024
1 min read

Преку националниот саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ имаат можност да учествуваат над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земоделци кои што ќе го промовираат нивниот домашен производ, порача денеска министерот за земјоделство, шумасртво и водостопанство, Цветан Трипуновски обраќајќи се на граѓаните на денешниот настан.

„Преку разни мерки и програми помагаме на земјоделците за да произведуваат повеќе храна во Македонија, со што ќе го намалиме увозот, а истовремено ќе работиме да станеме препознатлив бренд во светот“, истакна министерот Трипуновски.

Тој посочи дека Министерството додели 56 договори за поддршка на локални настани и саеми во вредност од над 6 милиони денари. Токму преку вакви локални настани се промовираат македонските производи, и сите посетители можат да вкусат домашни производи кои што го заслужуваат своето посебно место во светот.

„Денешната манифестација е доказ дека со соработка помеѓу Министерството, земјоделците, здруженијата може да се достигне до посакувата цел, а тоа е промоција на нашата домашна храна“, нагласи министерот.

„Со разно разни мерки придонесуваме за стимул на земјоделците за да нашите полиња не останат празни, туку секоја педа од земјата да се обработува. Имено, отворивме подрачни единици и канцеларии за да бидеме поблиску до земјоделците. Исплативме задоцнети субвенции кои со години ги чекаа и на тој начин ја вративме довербата кон институциите. Наша политика како Министерство е да се исплатат сите задоцнети субвенции и да се започне со редовно сервисирање. Креирање на откупна цена на иста маса со откупувачи и земјоделци е уште еден чекор кој што ќе стане практика, со цел двете страни да се задоволни. Како Министерство нема да дозволиме да се повтори сликата на разочарани земјоделци кои што својот труд го фрлаа на буниште“, истакна министерот Трипуновски.

Тој додаде дека „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ ќе стане синоним на успешна соработка помеѓу земјоделците и Министерството.

„Во нареден период ќе работиме на стимулација на мали производители зошто токму тие ја развиваат домашната економија. Домашното производство е приоритет на кој што ќе се работи“, порача тој.

Министерот Трипуновски нагласи дека земјоделците секогаш ќе се приоритет на Министерството.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Маглата зафати некои делови на Истанбул

Следно

Мицкоски: Очекував сите заедно да работиме за интересот на државата и граѓаните, бизнис околината треба да биде што е можно поздрава

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop