Тошковски: Целата процедура за случајот со телохранителот на Мицкоски е законска

September 20, 2024
1 min read

Телохранителот на премиерот Мицкоски нема да биде гонет кривично, откако вчера полицаецот кој изеде ќотек од него ненадејно реши да  не го тужи.

За оваа одлука на претепаниот полицаец  опозицикста СДСМ денеска вели дека  срамна била вчерашната реакција на МВР и на  Министерот Тошковски  да го ослободи телохранителот на Мицкоски кој тепаше полицаец. Според  СДСМ полицецот ја повлекол тужбата бидејки телохранителот на Мицкоски требало да биде  унапреден во Командир на специјалната единица Тигар.

Се огласи Министерот за внатрешни работи Тошковски кој вели дека целата процедура со овој случај била законска.

Тепаниот полицаец кој беше нападнат во февруари пред кафе-барот „Мош“ самиот побарал од Обвинителството кривично да не го гонат Ивица Бисовски, поранешниот телохранител на сегашниот премиер, Христијан Мицкоски. Предметот прво го работело Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Потоа се утврдило дека на полицаецот Влатко Г. не му била нанесена телесна повреда како елемент на кривично дело кое би било во надлежност на ова одделение, а предметот бил отстапен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје. Министерот Тошковски претходно најавуваше и кривична и дисциплинска одговорност за Бисовски, но инцидентот е решен без никаква одговорност.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Лобијата кои се хранат со солзите на угнетените се вознемирени од Туркије

Следно

Македонија во силен инвестициски циклус во изградба и модернизација на инфраструктурата- Николоски на средби со колеги од ЕУ ја презентираше програмата на Владата

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop