Топлотен бран ја зафаќа земјава, не заборавајте на препораките за заштита од високите температури

August 8, 2025
1 min read

Топлотен бран ја зафаќа земјава. Од денеска до 13 август, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39 степени Целзиусови, поради што Министерството за здравство апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури.

Граѓаните да престојуваат во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, препорачува Министерстото, како и внес на доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци.

На граѓаните им се препорачува да носат лесна, светла облека и да користат заштита за глава и очи, како и да избегнуваат физичка активност во најтоплите часови од денот.

-Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури, во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош, одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот и обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25 степени Целзиусови) на работното место и во домот, препорачуваат од Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека внимателно ја следат состојбата на дневна основа и дека ќе постапуваат согласно проценките и потребите. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пораз од Бугарија и трето место на турнирот „Чајка“ за македонските одбојкари

Следно

Се враќа топлото време – денеска до 37 степени

Latest from Blog

Подготовки за зима: Општина Битола инвестира 17 милиони денари во зимска опрема и услуги

Општина Битола ќе вложи 17 милиони денари за функционирање на зимската служба во претстојната сезона. Од вкупната сума, 15 милиони денари се наменети за градежна оператива, додека два милиони денари ќе бидат

Заврши административниот процес за присоединување на Боров Дол кон Бучим

Радовиш, 9 декември 2025 – Од ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш информираат дека заврши административната постапка за припојување на рударско-геолошкиот комплекс Боров Дол кон Бучим, со што двата рударски комплекси официјално продолжуваат да функционираат

ВИДЕО: Милијардер ги предизвика рамноземјашите: Докажете, еве ви три милијарди долари

Милијардерот и извршен директор на компанијата „Columbia Sportswear“ штотуку им даде можност која никогаш во животот не се добива, на сите што веруваат дека Земјата е рамна. Тим Бојл (76) најави нов
Go toTop