Танзанија го депортираше озлогласениот јужноафрикански бегалец кој ја лажирал сопствената смрт во пожар во затвор

1 min read

ЈОХАНЕСБУРГ (АА) – Власта на Танзанија денес под строги безбедносни мерки го депортира озлогласениот јужноафрикански бегалец кој ја лажирал сопствената смрт во затвор и избегал во Танзанија, пренесува Анадолу.

Табо Бестер, познат како „Фејсбук силувач“, бидејќи своите жртви ги намамувал преку друштвените мрежи, приведен е минатата недела заедно со својата девојка во Танзанија.

Тој служел доживотна казна кога минатиот мај избегал од затворот во Јужноафриканската Република.

Овој 35-годишник во 2012 година е осуден за силување и убиство на својата девојка – манекенка. Исто така, во 2013 е прогласен за виновен за силување и грабеж на уште две жени.

Власта започна потрага по Бестер во март откако новиот наод од обдукцијата покажа дека мажот кој умрел во затворската ќелија всушност не е Бестер, поради што тој и неговата девојка избегале во Танзанија.

На вчерашното парламентарно сослушување кажано е дека затворските чувари му помогнале на Бестер да ја лажира сопствената смрт, така што во неговата затворска ќелија ставиле тело од човек кој бил запален. Првобитно е соопштено дека починал извршувајќи самоубиство.

Властите соопштија дека ова бегство од затворот ја разоткрило слабоста во безбедносниот систем на затворот кој го води приватната британска компанија за обезбедување G4S.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Пакет со кадифено мече и жици: Поради добиена лажна бомба, евакуиран Парламентот на Холандија

Следно

Средношколци од две скопски училишта се истепале за девојка

Latest from Blog

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

Милица Дабовиќ некогаш беше позната како успешна кошаркарка на српската репрезентација, но денес нејзиниот живот доби

УЕФА ја казни Барселона

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за