СЗО: Вакцинацијата против детска парализа во северна Газа продолжува утре

November 1, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денес соопшти дека одложената вакцинација против детска парализа во северниот дел на Газа, каде Израел започна воени операции на почетокот на октомври, ќе продолжи утре (сабота), јавува Анадолу.

„Утре, треба да започне третата фаза (последната зона на кампањата за втора доза) од вакцинацијата против детска парализа во северниот дел на Појасот Газа, откако беше одложена минатата недела поради интензивното бомбардирање, наредбите за масовна евакуација и недостигот на гаранција за хуманитарни паузи“, рече Гебрејесус на брифингот за новинарите.

Тој нагласи дека хуманитарната пауза е „неопходна“ за спроведување на кампањата, и додаде: „Областа на која би стапила (хуманитарната) пауза е значително намалена и сега е ограничена само на градот Газа“.

Истакнувајќи дека последната фаза од кампањата за вакцинација има за цел да опфати околу 119.000 деца под 10 години, тој рече дека „сега е малку веројатно да се постигне таа цел, бидејќи условите во северна Газа се влошуваат секојдневно“.

Првата фаза од кампањата, која заврши на 12 септември, опфати повеќе од половина милион палестински деца.

Според СЗО, околу 590.000 деца низ Газа би требало да ја примат втората доза.

Тедрос, исто така, се осврна на напорите на Агенцијата на ОН да стигне до северниот дел на Газа, нагласувајќи дека во изминатите две недели СЗО спровела шест мисии за да донесе медицински материјали и храна за болничкиот персонал и пациентите кога тоа било дозволено, како и гориво за да се одржуваат генераторите во функција.

Во последниве денови, по интензивните борби, опсадата и упадот, болницата Камал Адван е сведена од болница која им помага на стотици пациенти со десетици здравствени работници, на сенка од она што беше“, рече тој.

Истакна дека СЗО помогнала да се преселат најкритичните пациенти во болниците „Насер“ и „Шифа“, каде што можат да добијат повисоко ниво на нега.

„Сега, неколку десетици пациенти остануваат во Камал Адван, со грст персонал за да се грижи за нив“, рече тој, и додаде: „Напад и последователен пожар на еден од катовите на болницата уништи некои од залихите што ги испорачавме. Се обидуваме да дојдеме до болничкиот персонал за повеќе информации“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Уапсена градежна инспекторка- барала поткуп

Следно

Пензионерите од истокот бараат да се смени претседателката Трајковска

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop