РИМ (АА) – Светлата на фонтаната Треви (Fontana di Trevi), еден од симболите на Рим, главниот град на Италија, беа изгаснати за Појасот Газа, кој е под израелски напади блокада, известува Анадолу.
Во согласност со одлуката донесена минатиот месец од Градскиот совет на Рим, на повикот „Рим нема да молчи“, светлата на историската фонтана Треви беа изгаснати еден час вчера помеѓу 22:00 и 23:00 часот по локално време со барање да се спроведе прекин на огнот во Газа.
Зборовите „Да ја запреме војната во Газа“ беа проектирани на фасадата на историската Палацо Поли зад фонтаната.
На овој симболичен повик за Газа, група палестински поддржувачи се собраа пред фонтаната со палестински знамиња во рацете во знак на протест против геноцидот што Израел го спроведува во Газа.
Групата како одговор на слоганот „Да ја запреме војната во Газа“ на општина Рим прикажан на фасадата на Палацо Поли, развеа транспарент на кој пишуваше „Не е војна во Газа, туку геноцид“.
Некои членови на групата, извикуваа слогани како „Израел сега на Палестинците им го прави она што нацистичка Германија им го правеше на Евреите во Втората светска војна“, обвинувајќи ги САД и Европската Унија за соучесништво со нивното молчење.
Групата еден период извикуваше слогани како „Слободна Палестина“, „Запрете го геноцидот“ и „Слободна Палестина од реката до морето“.
Овој настан и протест пред Фонтаната Треви го привлече вниманието на туристите кои дошле да ја видат историската градба. Некои посетители беа видени како ја даваат својата поддршка на слоганите извикувани од пропалестинската група.
Извор: Anadolu Agency (AA)