Столтенберг во Минхен се сретна со премиерот на Шведска и претседателот на Финска

1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се сретна со шведскиот премиер Улф Кристерсон и финскиот претседател Саули Нинисто, кои поднесоа барање за членство во Алијансата, јавува Анадолу.

Столтенберг се сретна со двајцата лидери во Германија во рамките на Минхенската безбедносна конференција.

Шефот на НАТО, кој се огласи на социјалните мрежи по состанокот, изјави дека имал добар состанок со шведскиот и финскиот лидер по неодамнешната посета на Туркије.

Наведувајќи дека сојузниците од НАТО ги поканија двете земји во Алијансата и донесоа историска одлука, Столтенберг рече: „Шведска и Финска сега се побезбедни отколку пред апликацијата [за членство]. Со нетрпение очекувам да им посакам добредојде на двете земји како полноправни членки.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

АФАД: Бројот на загинати во минатонеделниот разорен земјотрес се искачи на 40.642

Следно

Производство на гранати по теркот на ковид-вакцини, ЕУ бара начин за обнова на потрошениот арсенал

Latest from Blog