Стојаноска: Односите со Бугарија се повеќе се вжештуваат, а институциите, министрите и премиерот не кажуваат што би презеле

1 min read

За најактуелната тема со Бугарија секако дека ВМРО-ДПМНЕ би иницирале една расправа која е актуелна тема деновиве и таа е резултат на предупредувања во не така далечната 2017та година, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК Дафина Стојаноска во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

„Тогаш предупредувавме дека договорот од 1-ви август 2017-та година беше договорот со Бугарија кој гласеше договор за добрососедство пријателство и соработка но ние не гледаме дека барем еден од овие 3 епитети периодов или после јули кога се потпиша тој предлог за отпочнување преговори кои сеуште не ги започнавме“, рече Стојаноска.

Стојаноска посочи дека апсолутно односите се повеќе се вжештуваат. Дали тука влијае некој фактор или не треба да имаме институции кои тоа треба да го испитуваат. Не треба да имаме институции, министри или премиер кои се како спортски коментатори или политички аналитичар без да кажат што би презеле

Таа додаде дека има нефункционален Парламент во кој сите теми кои опозицијата ги начнала зависат од мнозинството.

„Добро е да се истакне моменталната состојба во Собранието а тоа е дека точно еден месец ќе се наполни како мнозинството не може да се собере за да се започне со една седница и да направи кворум. Имаме парламент кои има незавршени седници повеќе од 30 проценти“, рече Стојаноска.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Украина: Функционерите кои бегаат од воените должности ќе бидат разрешени

Следно

Јермак: Ќе бидат сменети функционерите кои ги избегнуваат воените должности

Latest from Blog