Ставањето на тапет на судијата што го спаси Мијалков е можна причина за хаосот во Судски совет, смета судијката Вера Коцо

1 min read

Најавата дека Судскиот совет на дневен ред ќе го стави прашањето за одговорност на судијата од скопска Апелација Енвер Беџети, според поранешната судијка во Врховниот суд Вера Коцо, е една од причините за кои се шпекулира дека ги иницирале случувањата во Судскиот совет.

Во интервју за Радио Слободна Европа таа укажува дека според тоа што се зборува во јавноста, за судијата кој 9 месеци во фиока го чуваше предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина” имало изготвен извештај од тричлена комисија која го испитувала случајот и тој требало да биде разгледан на седницата.

„Најверојатно, сега шпекулирам, било предмет дали да се стави на разгледување тој извештај или не и се поделиле членовите на Судски Совет на две страни. Едни биле за разгледување на тој извештај, други најверојатно не. И од тие причини се дојде до прекин на седницата и наеднаш се пристапи кон разрешување на претседателката што е нон сенс. Исто така, се шпекулира дека за истиот судија имало некаков предлог, дали е официјален или така е кулоарски само, да оди во Врховниот суд. Не смее да се занемари тоа што тој го направил во Апелациониот суд. Факт е дека во Апелациониот суд предметот е држен повеќе од 9 месеци, иако имало расправа што укажувала на укинување на предметот, што значи дека можеле да го укинат предметот навремено, доколку така ценеле, и потоа да се пристапи што е можно побрзо во работа од страна на понискиот суд. А во случајов, предметот е држен повеќе време, па вратен иако беше јасно и за јавноста и за професионалнците во таа струка дека му се заканува застарување на ова дело. На тој начин не може да се избега од одговорноста дека има некаква цел или намера која требаше да се утврди токму на оваа седница со членовите на Судскиот совет“,

вели Коцо во интервјуото за Радио Слободна Европа.

Според неа, на овој начин, не само Судскиот совет туку целиот судски систем се стави на тапет и дополнително ја намали довербата на граѓаните во судскиот систем.

„Тоа што се случува е аномија, а тоа е непочитување или непостоење на законски одредби и изостанување на морални норми или вредности“,

подвлекува судијката Вера Коцо. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Најголемиот криминал против човештвото во историјата

Следно

Српски автобус се превртел на пат за Будимпешта, 15 туристи повредени

Latest from Blog