Спалети по дуелот со Рома: Вакви натпревари се добиваат само со покажување волја за победа

1 min read

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети се осврна на победата над Рома (2:1) синоќа во 20. коло од Серија А.

– Можете да ги добиете овие натпревари само ако покажете волја за победа почнувајќи од играчите па се до стручниот штаб и оние кои се на клупата. Ваквите натпревари се тешки, но оние кои влегоа како замена докажаа дека уште на клупата веќе беа во игра. И ова е главниот квалитет на нашиот тим. Ако за време на толку долги, интензивни сезони, во секојдневната работа, не се сите на иста бранова должина со соиграчите и повеќе би сакале да го заземат местото на соиграчот, наместо да играат рамо до рамо со него, тогаш нема да постигнете резултат, рече Спалети.

Наполи е убедлив лидер во Серија А со 53 бода, 14 повеќе од второпласираниот Интер.

Во следното коло, на 5 февруари Наполи гостува кај Специја.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Асфалтирање улици, нови пешачки патеки… Костовски најави градежна офанзива во Бутел

Следно

Кој за што, Полјаци за растурање на Руската федерација

Latest from Blog