Советникот на Зеленски поднесе оставка – неговата последна изјава за Днепар ја разлути украинската јавност

January 17, 2023
1 min read

Оваа изјава предизвика бура во Украина и доведе до бројни осуди на Арестович. Поради големиот притисок, тој сега поднесе оставка и им се извини на семејствата на жртвите од Днепар

Советникот на украинскиот претседател, Олексеј Арестович, утрово му поднесе оставка на Володимир Зеленски. Арестовиќ предизвика бура со својата изјава по нападот на Днепар. Арестович и претходно беше познат како личност склона кон контроверзни изјави во кои директно или индиректно се судираше со командантите на вооружените сили на Украина, со локални политичари итн.

Овој пат тој предизвика бура со своето обраќање во кое рече дека ракетата над градот била соборена од украинската противвоздушна одбрана и дека поради тоа проектилот паднал неконтролирано. Малку е да се каже дека ваквата изјава предизвика гнев, ужас и негодување кај голем дел од украинската јавност.

Посебно е интересен аргументот на кој Арестович ја изградил својата верзија на настаните:

„Мојот пријател, поранешен офицер за противвоздушна одбрана, одеше по улицата во моментот на ударот. Ми рече дека 100 посто слушнал две експлозии и дека првата ја идентификувал како противвоздушната одбрана. До сега не погрешил. И беше сигурен дека проектилот е соборен“.

Оваа изјава предизвика бура во Украина и доведе до бројни осуди на Арестович. Поради големиот притисок, тој сега поднесе оставка и им се извини на семејствата на жртвите од Днепар.

„Искрено им се извинувам на жртвите и нивните роднини, жителите на Днепар и сите кои беа длабоко повредени од мојата погрешна верзија за причината поради која руската ракета ја погоди станбената зграда“,

напиша тој на Фејсбук.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се отстранува дивиот бутик на улица Македонија

Следно

Полицаец сведочи дека физички бил нападнат од градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ

Latest from Blog

Најмалку 15 Палестинци се убиени во израелските напади во различни делови на Газа

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 15 Палестинци се убиени во нападите што израелската Армија ги изврши врз различни делови на Појасот Газа, известува Анадолу. Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелската Армија нападнала училиште

НАТО предупредува за сериозни саботажи и сајбер напади кон нејзините членки

НАТО предупредува на нови сериозни акти на саботажа и сајбер напади на територијата на алијансата, изјави висок функционер на Северноатлантскиот сојуз на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО

Колку изнесува месечна пензионерска кошничка?

Списокот на потребите на пензионерите не е многу долг, но е прилично скап: храна, лекови, сметки… Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), во октомври 2024 година, просечната пензија
Go toTop