Со амин од Владата во Студеничани воскресна познатиот балист и соработник на фашистичкиот окупатор за време на втората светска војна, Азем Морана

August 8, 2025
1 min read

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ја осудува скандалозната одлука на Владата за именување на општинското основно училиште во Општина Студеничани со името на Азем Морана – познат балист и соработник на фашистичкиот окупатор за време и по Втората светска војна.

„Ова именување е историски неосновано и претставува директно понижување на антифашистичката борба на македонскиот и албанскиот народ. Тоа е навреда за сите борци од НОБ, за жртвите од фашистичкиот терор, за вредностите врз кои е изградена нашата држава, слободна, демократска и европска Македонија. Преку рехабилитација на фигури поврзани со балистичкото движење што ја прават ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се нарушуваат темелите на идеологијата врз која е изградена македонската државност: антифашизмот, народниот суверенитет и демократските вредности. Според десничарската матрица, тие свесно и систематски го бришат антифашизмот од колективната меморија заменувајќи ги партизанските имиња со имиња на балисти, соработници со фашистичкиот окупатор. Бескомпромисната борба против фашизмот не е само дел од нашето историско наследство, туку е структурна вредност на нашиот уставен поредок, на нашиот идентитет и на нашата евроинтегративна определба“, велат од СДСМ.

Опозициската партија посочува дека е срамно една влада којашто тврди дека е за Европа да дозволува вакви опасни чекори. Според нив владата наместо да ги едуцира младите за вистинските херои на слободата, ги учи да ги слават соработниците и поддржувачките на фашистичката идеологија. ‘Тоа е образовно и морално злосторство за едно деморкатско општество коешто се стреми кон европските вредности’.

„СДСМ ја повикува Владата итно да ја преиспита одлуката, водејќи се од почитта кон борците и да поднесе итна иницијатива до надлежните институции за нејзино укинување. Ќе побараме и отворена расправа во Собранието, како и поддршка од Сојузот на борците и од сите прогресивни сили во државата. Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН да ја поткопуваат идеологијата на антифашистичката борба и македонската историја! Македонија е изградена врз темелите на антифашизмот, а не врз ревизионизам и така мора да остане“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Голем пожар вон контрола кај Атика – Едно лице загина, се евакуираат жители

Следно

Почина помошник-директорот на Царинската управа, Марјан Тасевски

Latest from Blog

Гурабии со бадеми

Гурабиите се едни од најомилените домашни колачиња – кревки, миризливи и совршени покрај шолја кафе или чај. Оваа варијанта со лешници им дава уште побогат вкус и убава структура. Подготовката е едноставна.

Нови стипендии за втор и трет циклус на студии по македонски јазик

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната академска година, Министерството за образование и наука годинава исто така за прв

Подготовки за зима: Општина Битола инвестира 17 милиони денари во зимска опрема и услуги

Општина Битола ќе вложи 17 милиони денари за функционирање на зимската служба во претстојната сезона. Од вкупната сума, 15 милиони денари се наменети за градежна оператива, додека два милиони денари ќе бидат
Go toTop