Словенечките власти уапсиле двајца руски шпиони

1 min read

Се претпоставува дека станува збор за агенти „спијачи“ кои работеле за руска воена разузнавачка служба и потврдувале лажни содржини во официјални документи, а користеле изнајмена канцеларија во Љубљана како нивна оперативна база

Словенечките власти уапсија двајца наводни руски шпиони, објавија локалните медиуми повикувајќи се на извештајот од јавното обвинителсто како потврда за апсењата.

Според медиумите, како што пренесува Асошиејтед прес, двајцата странски државјани биле уапсени во декември, а ќе останат во притвор додека обвинителството ја продолжува истрагата за наводите за шпионажа.

Се претпоставува дека станува збор за агенти „спијачи“ кои работеле за руска воена разузнавачка служба и потврдувале лажни содржини во официјални документи, а користеле изнајмена канцеларија во Љубљана како нивна оперативна база.

„Окружното државно обвинителство во Љубљана доби известување од Словенечката агенција за разузнавање и безбедност, врз основа на што е поведена предистражна постапка“,

изјавиле од обвинителството на Љубљана за словенечките медиуми.

Сепак, поради чувствителноста на информациите, истражните органи во Словенија засега не соопштуваат детали за овој случај. 

Доколку бидат прогласени за виновни, на осомничените им се закануваат вкупно осум години затвор.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Санкционирани 245 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Следно

Во тек изборот за екипаж за „Артемис 2“

Latest from Blog

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

Милица Дабовиќ некогаш беше позната како успешна кошаркарка на српската репрезентација, но денес нејзиниот живот доби

УЕФА ја казни Барселона

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за