Синдикатот на докторите на Судан: Во судирите загинаа 447 цивили

1 min read

КАРТУМ (АА) – Во судирите меѓу Армијата и паравоените Сили за брза поддршка (СБП) во Судан животот го загубија 447 цивили, известува Анадолу.

Синдикатот на докторите на Судан информираше дека во судирите меѓу Армијата и милициите на РСФ во главниот град Картум и во други градови, загинале 447 цивили, а 2.255 се повредени.

Информирајќи дека конфликтите сѐ уште продолжуваат низ целата земја, Синдикатот истакна дека бројот на загинати и повредени всушност може да биде многу поголем доколку се земат предвид и оние кои не можат да стигнат до болниците поради безбедносната ситуација.

Министерството за здравство соопшти дека во судирите што започнаа меѓу Армијата и СБП на 15 април животот го загубиле 528 лица, а 4.599 се повредени.

– Конфликт меѓу Армијата и СБП во Судан

Утрото на 15 април избувнаа вооружени судири меѓу суданската Армија и Силите за брза поддршка (СБП) во главниот град на Судан, Картум, и во другите градови.

Несогласувањето меѓу Армијата и СБП во однос на воената безбедносна реформа, која предвидува „целосно учество на СБП во Армијата“, во последните неколку месеци се претвори во жежок конфликт.

Армијата и СБП соопштија дека со напорите на Саудиска Арабија и САД одлучиле да го продолжат примирјето за уште 72 часа, почнувајќи од полноќ на 1 мај.

Страните постојано го прекршуваат прекинот на огнот што е прогласуван 6 пати.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

ВЛАДАТА ПРЕДЛАГА ДА СЕ ВОВЕДАТ НОВИ ДРЖАВНИ НАГРАДИ ПОСВЕТЕНИ НА ЛИНГВИСТИТЕ БЛАЖЕ КОНЕСКИ И РЕМЗИ НЕСИМИ

Следно

Дел од улиците во Скопје денес, попладне и утре ќе бидат затворени за сообраќај

Latest from Blog