Серафимовски во Отворено: Британскиот заем е за поздравување бидејќи ќе се работи на проекти кои се значајни за државата

May 20, 2025
1 min read

Андреја Серафимовски од Здружение на гардежништво во Отворено рече дека, британскиот заем е за поздравување бидејќи ќе се работи nа проекти кои се значајни за државата.

Според него, најважно е да се гради за да се развива државата.

„Го поздравувам овој заем иако ги немаме сите податоци за да коментираме. Ние го поздравуваме бидејќи се работи во инфраструктурни проекти кои се потребни за наслението. Одбрани се проекти за кои македонските гардежници немаат капацитети. Ние изгубивме 7 години и баравме да имаме пдодршка од државата но не најдовме разбирање. Во делот на железници немаме ниту знаење ниту искуство и се надевам дека за разлика од другите договори каде повеќе работат македонските работници од другите овој пат нема да е така. За поздравување е и вложувањето во здравствените и образовните институции.Ние не градиме за да изградиме туку градиме за да се развиваме“, рече Серафимовски.

Тој зборуваше и за тоа дека капацитетите во градежниот сектор во последните години се изгубени.

„Градежништвото изгуби поради тоа што немаше никаква стратегија. Ако зборуваме за градежништво, зборуваме за најслабо градежништво во историјата на државата.Ги изгубивме капацитетите со текот на времето. Отсуствуваше долгорочна стретагија особено во последните 10 години. Броиме околу 47 000 вработени. Имавме потенцијал, го изгубивме и сега мора да се развиеме. Можеме да се развиеме со мали мерки“, додаде Серафимовски.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сообраќајка на патот Градско – Прилеп, сообраќајот во целосен прекин

Следно

Македонија против Данска на ЕП од 20:30 часот

Latest from Blog

Сто дена од трагедијата во Кочани: Политика наместо одговорност

Во нивната објава се наведува дека, наместо итно и соодветно делување, Собранието си земало двонеделна пауза по трагедијата, иако, според Уставот, е во постојано заседание. Надзорната расправа за случајот била изгласана дури

Над 13 илјади странци вработени во Албанија

Развојот на различните сектори на економијата и зголемената побарувачката за работна сила ја направија Албанија привлечна за странските работници. Директорката за услуги на пазарот на трудот во Националната агенција за вработување и

Ирански ракети завршија во американски бази во Катар

Се раширува периметарот на иранските напади откако иранската државна радио-телевизија соопшти дека иранските вооружени сили лансирале балистички ракети кон американски воени бази на Блискиот Исток, со фокус на позиции во Катар и
Go toTop