СЕ ВАДАТ И УТРОВО НОВИ ЈАГЛЕНОСАНИ ТЕЛА – се зголемува црниот биланс на загинати во возот на смртта во Грција

1 min read

Седум јагленосани тела на патници биле утрово извлечени од остатоците од еден од вагоните, со што бројот на загинати во железничката несреќа во Грција се зголеми на 46 лица, според официјалните податоци од Противпожарната служба.

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис информираше дека операцијата за пребарување и извлекување на местото на железничката несреќа продолжува и денеска, а во моментов активностите се насочени кон вагонот- ресторан, кој поради јачината на судирот бил згмечен од првиот вагон.

– Се отстранува патничкиот вагон што е врз него, а потоа ќе се отстрани компресираниот вагон-ресторан што е во форма на буквата „Г“. Од овој вагон утринава се извлечени вкупно седум јагленосани тела. Потврдениот број на загинати во овој момент е 46, рече Ватракојанис.

Објасни дека за продолжување на акцијата за пребарување и спасување ќе треба да се пресечат метали со специјални машини и делумно да се отстранат метални елементи и процените се дека конкретниот вагон до пладне ќе се отстрани, а за останатите ќе биде неопходно операцијата да продолжи утре.

Целата операција се води под тешки услови, а повремениот дожд дополнително ја отежнува акцијата.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Николовска: Студентите во Македонија се жртва на индиферентноста на власта, измина уште еден месец, а нема исплата на средствата за студентски оброк

Следно

Меси за своите соиграчи и тренери од репрезентацијата купил 35 златни ајфони

Latest from Blog

„КЕЈТ Е ВО КОМА, ЛУЃЕ ВКЛУЧЕТЕ ГО МОЗОКОТ“: Нова теорија на заговор поради потегот на кралот Чарлс трети, драмата околу здравјето на Кејт не стивнува во светот!

Драмата околу здравствената состојба на принцезата Кејт Мидлтон продолжува, а последниот потег на кралското семејство наведе