Се судрија две возила и полициска „шкода“

1 min read

21-годиѓен возач е повреден во сообраќајка меѓу две возила и полициска „шкода“ која се случила во вчера попладне. 

На 09.04.2023 во СВР Скопје бил пријавено дека во 01.45 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(21) од с.Бардовци, скопско, патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Н.(27) од Скопје и патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Д.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти полицијата. 

Увид извршила екипа од СВР Скопје.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

САД истражуваат од каде протекуваат доверливи документи

Следно

Продажбата на билети за ЕУРО2024 ќе стартува во октомври

Latest from Blog