Се интензивираат работите за изградбата на автопатот Прилеп-Битола од Коридорот 10 Д

November 2, 2024
1 min read

Се интензивираат работите на автопатот Прилеп- Битола кој е дел од Коридорот 10Д. Треба да биде готов за три години, до крајот на 2027 година и да обезбеди економски развој на општините од Југозападниот регион, констатираа при денешниот увид на работите владините претставници, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајаноски. На увид беа и претставници на „Бехтел и Енка“ кои ги изведуваат работите и амбасадорката на САД во нашава земја, Кристина Агелер.

Од околу 40 километри на автопатската делница, во моментот фронт на работа се 6 километри. Од 1300 парцели екпроприрани се 850, а од 500 хектари, на 100-тина се отстранети експлозивни направи, со помош на Армијата. Од досега најдените околу 19 500 можни експлозивни материјали, се извадени 200.

-Ние сега сме еден чекор пред „Бехтел и Енка“. Ако претходно чекаа зашто не беше извршена експрорпијацијата, ако чќекаа бидејќи не беше решено деминирањето, сега тоа е решено и нема да плаќаме толку пенали, туку, напротив, „Бехтел и Енка“ треба да не следи нас, изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски го нагласи значењето на автопатот за економскиот развој на општините од југозападниот регион.

-Овој автопат води до два големи центри во Македонија, до Прилеп и до Битола, а тука води и до границата со Грција, до нашиот втор граничен премин со Грција, што значи целосно отворање и за туризмот и за економијата. Ова значи заживување на економијата за целиот Пелагониски регион, добрите економски перформанси во овој регион дополнително се надградуваат, да се отвораат нови добро платени работни места и луѓето да ја видат својата иднина тука, рече Николоски.

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен како се одвиваат работите на теренот.

– Битно е дека ние сме практично пред динамиката која ја имаа градежната компанија за да не го кочиме процесот и од она што можев во неформален разговор од одговорните да го слушнеме е дека до отприлика крајот на 2027 година, отприлика 3 години ќе бидат потребни за ова овде да се заврши, изјкави Мицкоски.

Автопатот Прилеп-Битола треба да биде готов до крајот на 2027 година. Заедно со експресниот пат Градско-Прилеп кој се гради во три етапи и треба да биде готов за една година, целосно ќе ја промени реалноста во регионот.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Првиот „ѓердан“ на Босфор ги поврзува Европа и Азија веќе 51 година

Следно

Герасимовски на Школата за женски активизам: Левицата секогаш вложува во женското лидерство

Latest from Blog

Е.Пелистер во ЛШ започнува со Загреб во Битола

Според извлекувањето и по редните броеви преку бергеровиот систем е направен и официјалниот распоед. Е. Пелистер на стартот ќе тргне со меч против Загреб на домашен терен, а во второто коло ќе

Велика Британија и Франција постигнаа договор за мигрантите на принципот „еден внатре, еден надвор“

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон денес претставија „револуционерен“ нов договор за миграција, чија цел е намалување на бројот на луѓе што го преминуваат Ламанш со

Македонското МНР го повика бугарскиот амбасадор на разговор поради изјавите на Георг Георгиев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) денеска го повика на разговор бугарскиот амбасадор во земјава, Жељаско Радуков за да му врачи официјален протест како реакција на изјавите на шефот на

Зеленски: Германија е подготвена да финансира два американски системи „Патриот“ за Украина, а Норвешка еден

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека Германија е подготвена да плати за два системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, а Норвешка ќе ги покрие трошоците за уште
Go toTop