САД: Трамп и Харис во мртва трка на четири дена пред претседателските избори

November 1, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Кандидатката од редот на демократите, Камала Харис, и поранешниот претседател Доналд Трамп се заглавени во мртва трка на само четири дена до денот на претседателските избори, покажуваат последните анкети објавени денес, јавува Анадолу.

Во просекот во анкетите на веб-страницата RealClearPolitics предводи Трамп со само 0,3 отсто на национално ниво. Поранешниот претседател води и во пет од седумте клучни „свинг“ држави.

Неговото водство е најголемо во сојузната држава Џорџија (+2,6%) и Аризона (+2,3%), а има предност од 1,5% во Невада и Северна Каролина. Кандидатите имаат разлика од помалку од 1% во Висконсин, Мичиген и Пенсилванија, а Харис води во првите две.

Речиси сите резултати се во рамките на маргините на грешка на анкетите.

Со комбинирани 44 гласови на Електорскиот колеџ, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин формираа „син ѕид“ за претседателот Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година. Аризона, Џорџија, Невада и Северна Каролина ги заокружуваат седумте клучни „свинг“ држави на овие избори.

Тие се клучни затоа што, за разлика од повеќето модерни демократии, САД не ги избираат своите претседатели директно. Процесот се одвива преку Електорскиот колеџ, каде што 538 делегати го даваат својот глас во согласност со резултатите во нивните сојузни држави.

Секој кандидат треба да обезбеди 270 гласови на Електорскиот колеџ за да се избори за победа. Електорите се распределуваат по сојузните држави врз основа на нивното население, а повеќето држави ги даваат сите свои електори на кандидатот кој ќе победи во државата на општото гласање.

Но, моделот „победникот зема сè“ не се применува во сојузните држави Небраска и Мејн, кои наместо тоа ги распределуваат своите гласови пропорционално врз основа на конечните резултати.

Денот на изборите, на кои ќе се одржат и претседателски и избори за Конгресот, е на 5 ноември. Над 68 милиони луѓе веќе го дадоа својот глас на раното гласање, според Изборната лабораторија на Универзитетот во Флорида.

На раното гласање својот глас го дадоа околу 1 милион повеќе демократи од републиканци, 13.015.856 наспроти 12.135.666, лично на избирачките места или преку пошта.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стаменкоска Трајкоска: Претходната власт ги злоупотребуваше институциите, со исплата на средства на фирми блиски до нив

Следно

Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop