Роналдо: Ако сѐ уште ме сметаат за вреден играч во репрезентацијата, секогаш ќе го давам максимумот

1 min read

Фудбалерот на Ал-Наср и Португалија, Кристијано Роналдо го коментираше неговиот повик во националниот тим за квалификациите за Европското првенство 2024.

Португалците во мартовските средби ќе се соочат со Лихтенштајн и Луксембург.

– Сакам да играм за репрезентацијата. Не е лесно да се прави ова 20 години, играјќи на турнири на највисоко ниво. Јас сум многу среќен. Ако тренерот, стручниот штаб и претседателот на федерацијата ме сметаат за вреден, секогаш ќе дадам сѐ од себе. Ќе се обидам да постигнам максимален резултат за Португалија. Како што реков, многу сум среќен што се враќам во репрезентацијата, ова е мојот дом и тука ми е многу удобно, изјави Роналдо.

По Светското првенство во 2022 година, Роналдо потпиша договор со Ал-Наср од Саудиска Арабија. Оттогаш, напаѓачот има девет настапи за клубот, постигнувајќи осум гола и две асистенции.

За португалската репрезентација 38-годишниот фудбалер одигра 196 натпревари и постигна 118 голови.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Американски воен брод навлегол во кинески територијални води

Следно

Ердоган и Путин ќе разговараат наредните денови за договорот за жито

Latest from Blog