Романски доктори (ре)употребувале импланти од починати пациенти

1 min read

Романското обвинителсто објави дека отворило истрага против пет доктори кои се осомничено за (ре)употреба на стотици медицински импланти кои претходно биле извадени од починати пациенти, пренесе Си-Ен-Ен. Еден од петте доктори, кои работел во градот Иаси, е во притвор. Докторот, чие име засега не е објавено, бил на чело на мрежа од уште четири други доктори кои му обезбедувале кардиолошки импланти од починати пациенти, без претходна согланост на пациентите и нивните семејства.

Рентген снимка на граден кош на пациент со вграден пејсмејкер,
фото: Lucien Monfils, CC BY-SA 3.0 https://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0, via Wikimedia Commons

Според обвинителството, докторот извршил 238 оперативни зафати од 2017 година па наваму и притоа употребувал импланти извадени од мртви пациенти или од непознато потекло и ги вградувал во други (живи) пациенти. Со тоа, не само што го загрозил нивното здравје, туку ги довел во ризик од сериозни компликации па и смрт.

„Голем дел од имплантите кои ги препорачал докторот… воопшто не биле неопходни и биле поттикнати од лажни дијагнози или претходно препишани лекови кои предизвикувале одредени симптоми“,

се вели во соопштението на романското обвинителство.

Романскиот здравствен систем е еден од најмалку развиените во Европската Унија. Еродира со години, поради корупција, неефикасност и политизирано управување со болниците.

Романија троши најмалку пари за здравство од сите земји-членки на ЕУ. Десетици илјади доктори и медицински сестри ја имаат напуштено земјата во изминативе години.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Позната примарната трансфер цел на Милан

Следно

Утре вработени од ГОБ „8 Септември“ излегуваат на протест, во среда вработените од Клинички „Мајка Тереза“

Latest from Blog