Радикалните Евреи продолжуваат со упадите во Ал Акса и за време на Рамазан

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Десетици радикални еврејски доселеници под заштита на израелската полиција упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ал Кудс (Ерусалим), јавува Анадолија.

Официјалната палестинска агенција ВАФА објави дека десетици радикални Евреи утринава во групи влегле во комплексот Ал Акса и извршиле талмудски обреди.

Израелската полиција, која ги чуваше еврејските доселеници и беше стационирана во харемот Ал Акса, со проверка на документите за идентификација им создаде проблеми на муслиманите кои дојдоа на утринска молитва.

Под заштита на израелските сили, 85 радикални еврејски доселеници и вчера извршија провокативни упади во Ал Акса, каде што извршија талмудски обреди.

Провокативните упади за време на Рамазан, светиот месец на муслиманите, доведоа до реакции кај палестинските власти и меѓународната заедница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Наполи ќе му понуди нов договор на Елиф Елмас

Следно

СЗО НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ВАКЦИНИТЕ – препорачува ново вакцинирање по 12 месеци од последната доза!

Latest from Blog