Проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ од Велимир Жерновски, претставник на Венециското биенале на уметноста 2026

July 31, 2025
1 min read

Министерството за култура и туризам информира дека стручната комисија во состав: Соња Абаџиева, Вана Урошевиќ и проф. Симон Шемов, предложи проектот поднесен од Музејот на современата уметност „Пиетa во прекривките на ургентноста“ на авторот Велимир Жерновски да биде официјален претставник на Република Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција во 2026 година.

Комисијата ги разгледа сите четири пристигнати проекти на Конкурсот и оцени дека овој оригинален и компактен проект кој е надвор од стереотипите и стандардите на визуелната практика соодветствува со тематската матрица на престојното Венециското биенале и дека со својата читливост, комплексната содржина и визуелно убедливата речитост проектот ќе биде достоинствен претставник на Република Македонија на Биеналето во Венеција во 2026 година.

Инсталацијата „Пиета во прекривките на ургентноста“, на крајно едноставен начин е фокусирана на „Пиета“ (1498/9) – врвното ренесансно дело на Микеланџело Буонароти од црквата „Св. Петар“ во Ватикан. Реплицираниот монумент на третата од Микеланџеловите пиети, конструиран од современи материјали, авторот го прекрива со заштитни „златни“ фолии користени од страна на современите бегалци, бездомници, страдалници и луѓе заобиколени од човечката емпатија. Оваа златна наметка практично ја игнорира смртта и воопшто феноменот на геноцидот бидејќи ја преформулира скулптурата во ново руво и ја уништува примарната форма во нови загадочни фигуративни решенија. Тие ја анулираат високата естетска сензибилност на „Пиета“ и од симбол на хедонизмот ја претвораат во трансфигурација во тесна релација со денешното (само)уништување на човештвото.

Венециското биенале на уметноста ќе се одвива од 9 мај до 22 ноември 2026 година.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На ГП „Табановце“ за влез и излез се чека 45 минути

Следно

Увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во близина на Тетово

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Тоневски: Нов асфалт и тротоари за подобра сообраќајна безбедност во Пробиштип

Дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип се реконструира за да се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот предвидува целосно отстранување на стариот

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Скопје, 17 октомври 2026 – Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16
Go toTop