Продолжуваат протестите во кочанско, членовите на Грин.орг се повлекуваат од блокадите

October 31, 2024
1 min read

Продолжува блокадата на патот кон Пониква заради проблемот со загадувањето од комуналната депонија, но од денес жителите на Кочани продолжуваат со целодневна блокада без поддршка од Еколошкото здружение на граѓани “Грин орг”. 

За разлика од еко здружението, на четвртиот ден граѓански протести, целосна поддршка жителите добија и од Левица, која го поддржува граѓанскиот протест и потсетува дека не постои повисок интерес од јавниот, при што здравјето и животот на жителите на Кочани се највисок приоритет.

– Да биде обезбедена постојана стражарска служба и да се почне со оградување на просторот бидејќи неовластени лица постојано престојуваат на депонијата и палат отпад за да заработат за преживување. Да се побара од надлежното Министерство да учествува во обезбедувањето услови депонијата да функционира без граѓаните тоа да го плаќаат со здравје и живот. – Левица.

Процесот се усложни и проблемот стана сериозен кога почна затворањето на депониите во помалите општини и количините на отпад на кочанската депонија се зголемија за дополнителни 50%. Крајното решение на овој проблем е изградбата на регионалната депонија кај светиниколското село Мечкуевци, која треба да биде изградена за две години.

Инаку, вчера градоначалниците на општините Кочани, Виница и Зрновци на заеднички состанок побараа вклучување и на Министерството за животна средина, сѐ со цел да не дојде до загрозување и прекинување на реализацијата на европскиот проект за управување со отпад.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лавров упати критики до САД за политиката за Блискиот Исток

Следно

Расте бројот на жртви во поплавите во Шпанија

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop