Правниот факултет во Белград тврди дека студентаката е сама виновна што пропаднала низ таванот на читалната

November 1, 2024
1 min read

Откако студентка пропадна низ таван во читалната на Правниот факултет во Белград, оваа образовна институција се огласи, а се чини дека тоа што го кажаа не им се допадна на студентите. Една од нив смета дека факултетот се обидел да ја минимизира одговорноста, алудирајќи дека самата девојка придонела за несреќата, па објави фотографии од институцијата кои ја покажуваат, како што тврди таа, вистинската состојба.

– Во прилог испраќам слики од зградата на Правниот факултет, за да ја видите вистинската состојба, бидејќи по вчерашниот инцидент кога ногата на девојката пропадна низ таванот, од факултетот тврдеа дека таа самата придонела за тоа, што е лудо бидејќи сите студенти се сведоци на состојбата на зградата – стои во описот на фотографиите објавени на страната My_Beograd.

Како што можете да се види на фотографиите, таванот е напукнат на неколку места, а еден од прозорците е залепен, веројатно затоа што не се користи.

Овој инцидент ги поттикна студентите да се запрашаат дали треба да се случи нешто друго за некој да реагира.

– И додека не се случи нешто некому, не дај Боже, нема да се смени… – заклучува таа.

Од Правниот факултет истакнаа дека колешка сакајќи да искористи еден од пластичните штекери лоцирани на подот од галеријата на читалната на Правниот факултет, невнимателно згазнала на пластичниот штекер, по што дошло до инцидентот.

– Во таа прилика, штекерот е скршен, малку потонал во подот, а преку штекерот стапалото на колешката благо потонало во подот од галеријата од читалната. Под притисок од подот на галеријата, т.е. од таванот на читалната (гледајќи од приземје), мало парче гипс паднало врз друга колешка која во тој момент учела во читалната на приземјето – додаваат тие.

За среќа, и двете колешки по овој инцидент останале неповредени и нормално продолжиле со учењето, а освен скршен пластичен штекер на подот од галеријата од читалната, нема материјална штета, велат од факултетот.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Андоновски: Немаме податоци зашто нема механизам за известување за случаи на сајбер-напади

Следно

Андоновски: Нема механизам за известување за инциденти на сајбер-напади

Latest from Blog

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…
Go toTop