Полскиот премиер Моравиецки во посета на Украина

1 min read

ВАРШАВА (АА) – Премиерот на Полска, Матеуш Моравиецки, оствари посета на украинскиот главен град Киев, по повод првата годишнина од Руско-украинската војна, пренесува Анадолу.

Моравиецки ова го потврди преку објава на својот твитер-профил.

Тој нагласи дека во овие рамки се состанал со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Полскиот премиер истакна дека Полска ќе продолжи да прави чекори за безбедноста на Украина и Европа.

Моравиецки рече дека заедно со Зеленски ги посетил повредените украински војници во болница во Киев.

„На годишнината од бруталниот напад на Русија врз Украина, во Киев се наоѓам за да дадам јасен сигнал дека ќе продолжи поддршката за да се брани Украина“, додаде Моравиецки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Туркије: Бројот на странски туристи во јануари го надмина нивото пред пандемијата

Следно

Скопјанец доби кривична пријава поради загрозување на животната средина и природата со отпад

Latest from Blog