Подољак: Путин јавно ја покажа својата збунетост

1 min read

„Путин јавно ја покажа својата збунетост. Тој нагласи дека Руската Федерација е заглавена, но нема решенија и нема да ги има“, напиша Подољак на Твитер

По денешниот говор на рускиот претседател Владимир Путин, стигна првата реакција на официјален Киев. Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, се огласи на социјалните мрежи и рече дека Путин ја покажал својата збунетост во денешниот говор.

„Путин јавно ја покажа својата збунетост. Тој нагласи дека Руската Федерација е „заглавена“, но нема решенија и нема да ги има. Затоа што насекаде има нацисти, марсовци и теоретичари на заговор“,

напиша Подољак на Твитер.

Путин денеска го обвини Западот за почетокот на конфликтот во Украина, при што рече дека западните земји, на чело со САД, бараат „неограничена моќ“ во светскиот поредок. Рускиот претседател, исто така, рече дека Москва им пркоси на обидите на Западот да ја уништат руската економија со невиден пакет санкции и додаде дека за Западот се во прашање милијарди долари, но дека приходите на Русија не пресушиле.

Во своето обраќање пред руската Дума, Путин рече и дека Русија го суспендира учеството во Договорот за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ).

Тој додаде дека Русија ќе изврши нови тестови за нуклеарно оружје доколку Америка го стори тоа.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Надлежните во акција за чистење на јавните површини во центарот на Скопје

Следно

Во браните Глажња и Липково има 14 милиони кубни метри вода

Latest from Blog