Под мотото ,,Чиста околина – зелена иднина”, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа еколошка акција за пошумување на локации низ цела Македонија

1 min read

Под мотото ,,Чиста околина – зелена иднина”, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа еколошка акција за пошумување на локации низ цела Македонија.

Целта на оваа акција е да се подигне свеста, но и директно да се придонесе кон зачувувањето на животната средина. Со садењето на илјадници садници низ државата, се докажува заложбата за носење одговорни одлуки, кои ќе придонесат кон креирање иднина што е чиста и зелена.

Во најавата за оваа акција, од УМС ја критикуваа пасивноста на властите и истакнаа дека тие ја преземаат одговорноста за подобрувањето на состојбите со екологијата.

,,Во време кога програмите за збогатување на околината со нови садници се вистинска реткост, кога грижата за екологијата е само декларативна и Македонија се повеќе се гуши, ние младите ја преземаме одговорноста да бидеме носители на идејата за подобрување на состојбите со животната средина.”, наведоа од УМС во поканата.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Туркије спаси 10 нерегуларни мигранти во Егејското Море

Следно

АФАД: Бројот на загинати во разорните земјотреси во јужна Туркије порасна на 47.975

Latest from Blog