Почна амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

November 14, 2025
1 min read

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет почна амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година.

Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, за Предлог-буџетот се поднесени над 100 амандмани.

На седницата е присутна и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која ќе го образложи Предлог-буџетот.

Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Министерката Димитриеска-Кочоска на 28 октомври, на прес-конференцијата во Владата, кога го презентираше Предлог-буџетот, истакна дека со него се опфатени сите клучни политики што ќе се спроведуваат во следниот период, со јасна цел – да се забрза економскиот раст и да се постигне постепена фискална консолидација.

Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Македонско друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија за Македонците во Албанија

Следно

Фактор кој е поважен дури и од љубовта во сите врски и бракови

Latest from Blog

РАКЕТАТА „ЊУ ГЛЕН“ УСПЕШНО ПОЛЕТА КОН МАРС Спектакл на небото и воодушевување во компанијата „Блу ориџин“ на Безос

Американската компанија „Блу ориџин“, во сопственост на Џеф Безос, вчера успешно ја лансираше ракетата „Њу Глен“ од вселенската станица Кејп Канаверал, а целта на мисијата е да се испратат два сателити на

Пешевска: Рамноправноста меѓу жените и мажите мора да стане составен дел од секоја политичка одлука

Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, заменик-генералниот секретар на Собранието, Бобан Стојаноски и собраниската служба на 12 и 13 ноември 2025 година учествуваа на дводневна работилница за „Унапредување

Амбасадорите Дрекслер и Ле Риголер во официјална посета на Општина Битола

Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, и амбасадорот на Република Франција, Кристоф Ле Риголер, ја заокружија својата посета на Битола со официјална средба во Општина Битола, каде што беа пречекани од

Прочитајте кои 29 репрезентации обезбедија место на Светското првенство

Бројот на учесници на Светското првенство во 2026 година полека се зголемува. Од 48-те репрезентации што ќе учествуваат на Светското првенство следното лето, досега се познати 29 учесници. Само две од Европа,

Димитриеска-Кочоска: Секој денар е планиран за максимален ефект за граѓаните

Предлог-буџетот за 2026 година ја потврдува посветеноста на Владата кон стабилноста, предвидливоста и одговорното управување со јавните финансии. Овој буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска
Go toTop