По повод 60-годишнината на Музичка младина на Македонија концерт во Битола на камерниот оркестар „Нонет +“

1 min read

По повод 60-годишниот јубилеј на Музичка младина на Македонија, утревечер, од 19 часот во Офицерски дом во Битола, концерт ќе одржи Камерниот ансамбл на „Нонет +“.

Под раководство на диригентот и композитор Ангел Спироски, музичарите Дарко Гроздановски, Памела Велкова, Ивана Здравкова, Тамара Охомуш, Верица Ајтовска, Кристина Стојановска, Анеса Зајази, Магдалена Дрмач и Ивона Давидовска ќе изведат композиции од Тавенер, Бибер,Перт и Холст.

Со овој концерт Музичка младина на Македонија го почнува одбележувањето на 60-те години од постоењето.

– Почнуваме од Битола, затоа што таму пред 60 години група млади музичари, ентузијасти, самоиницијативно ја основаa организацијата Музичка младина. Оттогаш па до денес, Музичка младина на Македонија е единствената национална невладина организација што работи со млади музичари и млади луѓе, развивајќи ја нивната креативност и поддржувајќи ја нивната првична јавна промоција во областа на музиката. Денес МММ е едно од најголемите културни движења во Македонија, полноправен член на Интернационална музичка Младина и носител на повеќе меѓународни проекти, истакна Александар Герасимовски, претседател на Музичка младина на Македонија. Камерниот ансамбл „Нонет +“ е основан од Музичка младина на Македонија во 2019 година, составен е од млади музичари, а неговата цел е камерното музицирање да стане неизоставен дел од репертоарот на младите уметници. Камерниот ансамбл изведува композиции од сите музички епохи, со посебен акцент на современата музика.

Ансамблот „Нонет +“ досега имал настапи на „Подиум на млади“ на „Охридско лето“, на фестивалот „Есенски музички свечености“ во Скопје, во повеќе градови во државата, како и во Софија, Република Бугарија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

Претходно

Зима во Скопје

Следно

Дембеле неизвесен за пресметката со Манчестер Јунајтед

Latest from Blog