По 18 години градба, пуштено во употреба метрото во Солун

November 30, 2024
1 min read

По речиси 18 години од почетокот на изградбата, метрото во Солун од денеска е во функција, а беше пуштено во употреба, откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во присуство на претседателката Катерина Сакеларопулу и надлежните министри, симболично го притисна копчето за почеток со што тргна и првото метро, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходно се одржа свечена церемонија со присуство на државниот врв, додека пак пред дел од метро станиците беа насобрани граѓани кои и покрај дождот, чекаа да се отворат станиците за да го видат метрото и да се повозат.

Главната линија на метрото е во должина од 9,6 километри со два независни тунели со една насока, има 13 модерни станици, ќе сообраќаат 18 најсовремени автоматски метроа без возач, но со придружник, максималниот капацитет е 18.000 патници на час во еден правец.

Процените се дека дневниот патнички сообраќај ќе биде околу 240.000 патници, но и дека на солунските улици секојдневно ќе сообраќајот 57.000 возила помалку.

Со метрото, за 17 минути ќе се стигнува од едниот на другиот крај на градот, билетот ќе чини 60 центи и ќе важи 70 минути.

Дополнително, на станиците ќе бидат вклучени и археолошките откритија пронајдени за време на изградбата, а на станицата „Венизелос“ се на површина од 1.260 метри квадратн, со што, како што информираа од грчката Влада е меѓународно најголемиот археолошки локалитет вклучен во голем технички проект.

На свеченото отворање меѓу другите, говореа и новиот грчки еврокомесар за транспорт и туризам, како и грчкиот премиер.

Мицотакис откри дека во ноември следната година ќе заврши продолжувањето на метрото до Каламарија, сo што на мрежата ќе додадат уште 4,8 километри железничка пруга и пет нови станици и истакна дека метрото во Солун е „најсовременото метро во Европа“.

-Ова е опиплив проект, за кој сигурен сум дека многумина во градов до последен момент не веруваа дека ќе се случи. И еве, сепак се случи. Со други зборови, рековме дека ќе го сториме тоа и го сторивте. И е симбол на напредокот на Македонија и на цела Грција, посочи Мицотакис.

По свеченото отворање и пуштањето во употреба, Сакеларопулу, Мицотакис и членови на грчката Влада влегоа во метрото и се возеа неколку станици.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски за Коцевски: Му дадовме шанса, добивме стотици истраги, а кога треба налог за апсење обвинители добиваат треска и грчеви

Следно

АЏИКО им подаде рака на децата со посебни потреби: Кој ќе го купи овој фустан на македонската пејачка ќе биде запаметен како хуман човек

Latest from Blog

Сто дена од трагедијата во Кочани: Политика наместо одговорност

Во нивната објава се наведува дека, наместо итно и соодветно делување, Собранието си земало двонеделна пауза по трагедијата, иако, според Уставот, е во постојано заседание. Надзорната расправа за случајот била изгласана дури

Над 13 илјади странци вработени во Албанија

Развојот на различните сектори на економијата и зголемената побарувачката за работна сила ја направија Албанија привлечна за странските работници. Директорката за услуги на пазарот на трудот во Националната агенција за вработување и

Ирански ракети завршија во американски бази во Катар

Се раширува периметарот на иранските напади откако иранската државна радио-телевизија соопшти дека иранските вооружени сили лансирале балистички ракети кон американски воени бази на Блискиот Исток, со фокус на позиции во Катар и
Go toTop