Плаќајте и не се правете Енглези

1 min read

Бројот на возрасни граѓани на Англија кои се мачат  да ги платат своите сметки и долгови се искачи на речиси 11 милиони луѓе.

Тоа е околу 3,1 милион повеќе отколку лани во ова време. Нивната Управа за финансии открива дека 11% од возрасните пропуштиле сметка или плаќање заем во баре три од претходните шест месеци.

Главен притисок врз личните финансии прават зголемените цени на енергијата, храната и горивата. Се забележува намалување или откажување на  полисите за осигурување како начин да се намали притисокот врз домашните буџети.

Последните истражувања покажуваат дека околу половина возрасни во Обединетото кралство (28,4 милиони луѓе) се чувствуваат повеќе вознемирени и под стрес околу трошоците за живот отколку пред половина година.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Зубин Мехта е главен поборник за изградба на новата концертна сала на Белградска филхармонија

Следно

(ВИДЕО) Хаос во Косово: Фрлен солзавец, се слушаат рафали, Вучиќ ја подигна борбената готовност на војската

Latest from Blog